Три зачини кои ги чистат белите дробови од загадениот воздух и пушењето

18 април, 2021
shutterstock_114095437_1000x0

Конзумацијата на одредени намирници му помага на организмот да се ослободи од штетните материи.

Доколку сте ги оставиле цигарите сигурно едвај чекате да дојде тој ден кога белите дробови ќе ви се исчистат од овој порок. За да се исчистат целосно белите дробови потребно е да поминат години, но три намирници, сепак, можат да го забрзаат тој процес.

Лук

Намирницата која е позната како природен антибиотик се покажа како одлична при чистењето на белите дробови. Лукот содржи алицин кој ги уништува инфекциите на дишните патишта и е делотворен при чистењето на белите дробови од токсини.

Ѓумбир

Покрај многуте лековити одлики, ѓумбирот ги отстранува токсините од телото. Им се препорачува на сите активни пушачи како и на сите оние кои ги оставиле цигарите за белите дробови што побрзо да им станат како нови. Од него може да направите чај или да го додадете во јадења и шејкови.

Куркума

Студиите покажаа дека куркумата е одлична за чистење на белите дробови од штетните материи. Куркумата треба да се вклучи во исхраната не само доколку сакате да ги исфрлите тие штетни од цигарите, туку и оние кои се во белите дробови заради загадениот воздух. Добро е да се конзумира куркумата и како превенција од болести на дишните патишта. Може да се конзумира во прав како додаток во исхраната или да се додаде свежа во омилените напитоци од овошје и зеленчук.

escort - Korsan taksi