Искористете ја предноста на студеното време: Експертите докажаа дека студот влијае на побрзото согорување на маснотиите доколку ги правите овие вежби

3 февруари, 2021
1

Ако одлучите да вежбате за да ги согорите насобраните маснотии, дефинитивно треба да го искористите ова студено време, барем кога станува збор за пократки вежби со висок интензитет. Имено, токму тоа го посочува новото истражување, според кое вежбање на пониски температури согорува повеќе маснотии.

Студија објавена во „Journal of Applied Physiology“ беше спроведена на 11 волонтери со прекумерна тежина на „умерена кондиција“ кои покажаа дека оксидацијата на липидите е трипати поголема кога вежбаат на температура околу нула во споредба со вежбање во „топлински неутрална средина“ околу 20 Целзиусови степени.

Липидите се масти кои се апсорбираат од храната или се синтетизираат во црниот дроб. Триглицеридите и холестеролот најмногу придонесуваат за патолошки состојби, иако сите липиди се физиолошки значајни. Основната функција на триглицеридите е складирање на енергија во адипоцитите и мускулните клетки, додека холестеролот е сеприсутна компонента на клеточните мембрани, стероиди, жолчни киселини и сигнални молекули.

Волонтерите беа подложени на збир од стандардни вежби со висок интензитет, односно вежбање во кое на краток интервал се менуваат вежби со висок интензитет и релаксација, на температури околу нулата и на околу 20 степени Целзиусови.

„Ова е прва позната студија која го истражува влијанието на ниските температури врз акутниот метаболизам за време на интензивна интервална обука“, напишаа научниците од Универзитетот Лаурентијан во Канада

Иако се уште не е утврдено дека ладните вежби имаат подолготраен ефект врз забрзувањето на метаболизмот, научниците се согласуваат дека ова е интересна почетна точка за истражување за тоа како температурата на околината може да влијае на согорувањето на калориите.

escort - Korsan taksi