Јапонските научници можеби откриле лек за проблем кој мачи милиони ширум Светот

14 февруари, 2021
Screenshot_2

Губењето на косата е природен процес. Штом косата достигне одредена возраст, паѓа и се заменува со нова. Барем така треба да функционира. Кога нешто е нарушено во овој процес, постои трајно опаѓање на косата.

Милиони луѓе ширум Светот, главно мажи, се борат со опаѓање на косата. Некои луѓе забележуваат проретчена коса во раните 20-ти години, а истражувањето вели дека до 50-та година од животот, скоро 85 проценти од мажите забележуваат значително опаѓање на косата. А, проблемот не е ограничен само на мажите. И некои жени имаат проблем со опаѓање на косата, како поради влијанието на хормоните, така и поради генетиката.

Иако опаѓањето на косата не влијае на здравјето на една личност, тоа може да биде показател за одредени болести или реакција на стрес и услови за живот. Но, и покрај сето ова, најголемото влијание што го има опаѓањето на косата е всушност психолошко.

Со текот на годините, развиена е цела низа различни терапии кои треба да го запрат опаѓањето и да поттикнат нов раст на косата. Сепак, досега не е откриена никаква терапија што би го запрела опаѓањето на косата и би го вратила нејзиниот раст, односно ќе го сврти процесот на опаѓање на косата.

Но, тим од научници во Јапонија се чини дека е на добар пат да го реши проблемот и повторно да го стимулира растот на косата со помош на матични клетки. Поконкретно, тие користеле матични клетки за да создадат фоликули на коса кои се обновуваат дури и откако косата ќе падне.

Имено, опаѓањето на косата е природен процес. Штом косата достигне одредена возраст, паѓа и се заменува со нова. Барем така треба да функционира. Кога нешто е нарушено во овој процес, постои трајно опаѓање на косата.

Јапонски научници од RIKEN Center for Biosystems Dynamics Research, во нивната студија објавена во Nature Scientific Reports, детално опишаа како користеле матични клетки за да го стимулираат растот на влакната добиени од клетките на глувците и мустаќите. За време на лабораториските истражувања, тие откриле дека еден пар колаген во комбинација со пет фактори доведува до најголем раст на матичните клетки за најкратко време.

Нашиот систем за размножување се заснова на методот на циклична регенерација на фоликулите на косата од матичните клетки на фоликулите на косата и ќе помогне да се создаде терапија за регенерација на фоликулите на косата во блиска иднина, убеден е водачот на истражувањето Такаши Цуџи.

Но, пред таквата терапија да стане достапна за просечниот (ќелав) човек, тој мора да помине клинички испитувања. Научниците од RIKEN во моментов бараат соработници кои би ја прилагодиле оваа технологија за регенерација на косата за клиничка примена.

Проблемот со ќелавоста можеби не е решен веднаш, но јапонските научници покажаа дека се на добар пат тоа да се случи во иднина.

escort - Korsan taksi