Колку почесто водите љубов – толку сте попаметни, а вашиот мозок ви е благодарен за тоа!

30 август, 2021
469798_dvoje1_f

Редовните интимни односи, покрај тоа што придонесуваат за блискост на партнерот, го подобруваат физичкото и менталното здравје. Водењето љубов го активира целиот наш мозок, го зголемува лачењето на многу супстанции кои поттикнуваат добро расположение, го намалуваат стресот и се релаксираат, но дали знаевте дека жешката акција придонесува поввеќе да памтиме?

Еве три начини на кои водењето љубов е добро за вашиот мозок.

Го изострува умот

Всушност, постојат неколку начини на кои жешката акција нѐ прави попаметни. Прво, водењето љубов го активира целиот наш мозок. Кога правиме „вежби“ за мозокот, како решавање крстозбори, судоку или играње шах, активни се само одредени области од нашиот мозок. Но, водењето љубов ја „осветлува“ целата наша сива мозочна маса, што го прави многу поефикасен начин за одржување на когнитивното здравје.

Покрај тоа, интимните односи ги подобруваат нашите аналитички способности. Кога сме интимно активни, нашиот мозок е фокусиран на сегашниот момент. Овој тип на фокус всушност го изострува конкретното размислување, вербалната и визуелната перцепција, визуелно-просторна ориентација, па дури и јазични вештини.

Ја подобрува меморијата

Се покажа дека интимниот однос го стимулира растот на нови мозочни клетки, првенствено во хипокампусот. Овој дел од мозокот е од витално значење за запомнување и складирање информации. Кога се тестираат, сексуално активните луѓе подобро ги паметат зборовите и имаат подобри резултати во визуелното и вербалното препознавање. Истражувањата покажаа дека паровите кои имаат здрав интимен живот со текот на годините, исто така, покажуваат побавен пад на меморијата.

Го подобрува расположението

Најпознатата реакција на мозокот за водење љубов е начинот на кој прави да се чувствуваме добро. Ова се должи на ослободување на моќни супстанции како што се допамин, окситоцин, вазопресин, серотонин и норепинефрин. Овие хемикалии имаат силен ефект врз нашето тело и ни помагаат да се поврземе со партнерот, но и да го подигнат расположението.

Често кога нашиот мозок ослободува окситоцин, добиваме и поголема количина на мелатонин, неврохемикалија која работи со намалување на нивото на кортизол, со што се намалува стресот и вознемиреноста. Покрај тоа, интимниот однос го намалува нашиот крвен притисок со зголемување на протокот на крв низ нашето тело. Ова помага не само за здравјето на срцето, туку и за подобро снабдување на нашиот мозок со кислород што доаѓа преку крвта.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi