Короната може да стане како грип до крајот на годината, Хенкок: „Само тогаш ќе се вратиме во нормала“

14 февруари, 2021
corona-51746711920-830x0

Додаде дека е „убеден“ дека на сите возрасни лица ќе им биде понудено да се вакцинираат до септември

Министерството за здравство на Велика Британија објави дека новите начини на лекување и вакцинација ќе значат дека Ковид ќе се претвори во „уште една болест со која ќе мора да живееме“, што значи дека животот ќе може да се врати во нормала.

Министерот за здравство Мет Хенкок се надева дека Ковид ќе биде „лечлива болест слична на грипот“ до крајот на годината.

Тој е оптимист дека вирусот, кој од почетокот на пандемијата однесе повеќе од 116.000 животи во островската земја, „ќе биде само уште една болест со која ќе живееме“.

– Мораме да го сведеме Ковид на тоа ниво во наредните месеци. Ако Ковид се претвори во болест слична на грипот, ќе можеме да живееме нормално и да ја ублажуваме ситуацијата со третмани и вакцини – рече Ханкок во едно интервју.

Тој додаде дека е „убеден“ дека на сите возрасни лица ќе им биде понудено да се вакцинираат до септември.

Дени Олтман, професор по имунологија на Кралскиот колеџ во Лондон, рече дека се согласува со коментарите на Ханкок дека Велика Британија ќе може да живее со ковид на ист начин како и со грипот.

escort - Korsan taksi