НЕМА ПРИЧИНА ЗА СРАМ! ЖЕНСКА „НАВИКА“ СО КОЈА СТАНУВАТЕ ПОДОБРИ ВО КРЕВЕТ!

4 јуни, 2021
151088_alejandra-quiroz-f5htti4hlv4-unsplash_f

Постојат многу начини да го подобрите вашиот сексуален живот, а еден од нив е многу едноставен.

Истражувањата покажаа дека многу жени се срамат да стенкаат и воздивнуваат за време на сексот, иако чувствуваат природна потреба за тоа.

Тоа стенкање е всушност добро и може да го подобри сексот и затоа не треба да го ограничуваме, докажа студија објавена во „Журнал за социјални и лични врски“.

За почетниците, постои физичка причина поради која тоа е пожелно.

Кога жената стенка за време на сексот, грлото и се отвора, а дишењето забавува, што доведува до релаксација на вагиналните мускули, што пак доведува до подобар оргазам.

– Некои истражувања покажаа дека сме многу послободни со стенкање кога нашето сексуално искуство е интензивно – вели д-р Лора Минц.

Докажано е дека стенкањето и воздивнувањето всушност дополнително го зголемуваат чувството на возбуда, но не само на вашиот партнер, туку и вашето. Ова е потврдено од многу жени кои велат дека често ги возбудува звукот на сопствениот глас затоа што стенкањето е природен одговор на организмот на физички дразби што будат сексуално задоволство кај нас.

– Жените стенкаат за време на сексот со цел да комуницираат со својот партнер и да покажат дека уживаат во задоволството што им го дава партнерот – објаснува Никол Бурати, експерт за секс и терапевт.

Се разбира, има жени кои се природно тивки за време на сексот и немаат потреба да стенкаат. Експертите советуваат никогаш да не се преправаме дека сме среќни и да не се обидуваме да го охрабриме партнерот со лажно стенкање, бидејќи со тоа всушност испраќаме погрешен сигнал и му кажуваме на партнерот дека она што тој го прави ни одговара, што не е случај .

Ако спаѓате во групата на погласни жени, не срамете се од вашите потреби затоа што тие ќе го направат вашиот сексуален живот уште подобар.

escort - Korsan taksi