ПОЗНАТ ПСИХОЛОГ ОБЈАСНИ: Само 1 работа ГАРАНТИРА успешна ВРСКА! Сè друго е ТОТАЛНО НЕВАЖНО

19 мај, 2021
923495_profimedia0295872218_ls

Психологот Питер Пирсон, кој го води Институтот за парови во Калифорнија и кој целата своја кариера ја посвети на решавање на љубовни проблеми, тврди дека само едно гарантира стабилна и успешна врска.

Тоа се – фундаменталните вредности. Поточно, важно е да ги делите истите фундаментални вредности со вашиот партнер, пренесува Zadovoljna.hr.

„Основните вредности се поважни од напливот на возбуда што ја чувствувате кога ќе сретнете некој со кого споделувате чувство на привлечност затоа што тие хормонални реакции ќе исчезнат со текот на времето, а заедничките вредности ќе преживеат“, изјави д-р Пирсон.

Тој вели дека интересите можат да бидат предмет на компромиси, но не и вредностите.

На пример, ако сакате да го поминете викендот во природа, а вашиот партнер сака да останете дома и да подготвите вечера за пријателите, можете компромисно да се согласите да ја исполните неговата желба овој викенд, а вашата наредниот. Меѓутоа, ако сакате деца, а вашиот партнер ја одбива идејата, станува збор за основни вредности што можат да доведат до проблеми во врската.

Затоа е важно да се земат предвид вашите вредности и вредностите на личноста што ве интересира кога влегувате во љубовна врска, за во иднина да не дојде до судар на вашите светови.

escort - Korsan taksi