Совети за возбудлива предигра за кои не сте чуле ‘безброј’ пати

5 јуни, 2021
dreamstime-m-154411231

За да го унапредите вашиот сексуален живот од стагнирачки до незаборавен, ви носиме 5 стручни совети кои ќе ви помогнат да ја вратите искрата во вашата спална соба или да ја побудите со некој сосема нов

1. Започнете со тоа да бидете добар партнер надвор од спалната соба

– Вообичаеното разбирање на предиграта се однесува на она што го правиме непосредно пред чинот на секс. Но, предиграта всушност вклучува сè што сте направиле во текот на денот што довело до секс. Во текот на денот, треба да му покажете на вашиот партнер дека се грижите, извршувајќи задачи што ќе му го олеснат животот, и се подразбира да не правите ништо што би можело да биде причина за расправија, како што се кршење ветувања или слично – советува сексуалниот терапевт Том Мареј.

2. Откријте ги вашите перверзни фантазии еден на друг

– Играјте го „шишето на вистината“ и споделете ги вашите перверзни и најскриени фантазии со вашиот партнер. Потоа изберете вечер во која ќе пробате дел од тоа. Понекогаш малку охрабрување може да значи многу во ослободувањето на вашата сексуалност и страст. Доколку е потребно, договорете се за правилата пред акцијата и започнете да се забавувате – вели сексуалниот терапевт Назанин Моали.

3. Стимулирајте ги сите сетила

24sata

– Сетилата не прават присутни во моментот. На пример, додека се бакнувате, слушајте го дишењето на вашата партнерка, обидете се да откриете како таа реагира во очекување на бакнеж. Почувствувајте ја мекоста на кожата, текстурата на јазикот… Сензуалноста ја подигнува предиграта на сосема ново ниво – вели сексологот Гуди Хауард.

4. Зголемете го расположението со секси пораки

– Можете да ја започнете предиграта пред да се сретнете лице в лице. Менталната стимулација во пресрет на самата средба е многу потценета. Наговестете му вашиот партнер што ќе правите кога конечно ќе се видите, заедно смислувајте жешки игри или испратите секси фотографии. Сето тоа кај вас ќе предизвика желба, па во моментот на состанокот ќе има вистинска експлозија на страст – вели Робин Вилсон-Бити, сексуална едукаторка.

5. Правете се недостапни

– Бидејќи поентата на предиграта е да се подигне сексуалната желба, понекогаш може да го постигнете тоа покажувајќи му на партнерот дека не сте секогаш достапни. Можете исто така да испраќате пораки со опис на сè што нема да се случи. Овој вид на задевање може да предизвика страст дури и кај најстудените – вели сексологот Лоренс Сигел.

escort - Korsan taksi