Маслото од семки од грозје ги смирува воспаленијата и ги намалува брчките: Еве како најдобро да го искористите!

26 септември, 2021
esencijalna-ulja-830x0

Речиси секој ден, производи од светот на убавината се појавуваат на Интернет, нудејќи „еликсири на младоста“. За жал, во повеќето случаи, ова е маркетиншки трик или производ што веќе постои.

И покрај тоа, повеќето жени копнеат да пробаат нов козметички производ, игнорирајќи го фактот дека најдоброто секогаш доаѓа од природата. Една од таквите состојки е маслото од семе од грозје, кое е вистински мелем за лицето.

Ова масло се покажа како одлично во борбата против црни точки, мозолчиња и брчки. Има анти-воспалителни својства, ја навлажнува, ја храни и омекнува кожата на лицето и телото, не ги иритира или затнува порите. Благодарение на високата содржина на антиоксиданси, маслото од семе од грозје го стимулира производството на колаген, кој е познат како сојузник на убава и затегната кожа.

Се што треба да направите е да научите како да го користите.

Пилинг на лицето со масло од семе од грозје:

Измешајте една лажица афион со две лажици масло од семе од грозје. Нанесете ја смесата на лицето и масирајте со нежни, кружни движења неколку минути, а потоа исплакнете со млака вода. Ќе забележите дека кожата ќе биде мека и хидрирана, дури и ако после тоа не нанесете крема.

Ова масло може да се најде во продавници за храна и е наменето за храна, така што може да се користи за надворешна и внатрешна употреба.

escort - Korsan taksi