Можат да бидат прилично непријатни: Зошто грчевите во нозете се јавуваат НАВЕЧЕР и кои се причините за нивното настанување?

18 февруари, 2022
profimedia-0622452802

Најмалку 60 проценти од луѓето се соочуваат со овој проблем

Грчеви во нозете обично се јавуваат во текот на ноќта, кога го нарушуваат нашиот сон.

Оваа состојба се јавува кај дури 60 проценти од луѓето и може да биде прилично непријатна.

Не ги истегнувате мускулите

Некои истражувачи тврдат дека виновен е модерниот начин на живот. Додека нашите предци поминувале многу време во клекната положба, позиција во која ги истегнуваме нозете и мускулите, модерниот начин на живот ја елиминира потребата за тоа. Исто така, постојат докази дека седечкиот начин на живот негативно влијае на мускулите и тетивите, што може да доведе до грчеви.

Спиење во лоша положба

Други експерти забележаа дека ги држиме нозете исправени за време на спиењето на стомакот, што може да доведе до грчеви во мускулите. Кога нозете се во оваа положба долго време, дури и малите движења може да предизвикаат грчеви.

Промената на годишните времиња

Едно истражување покажа дека грчевите се почести ноќе во лето отколку во зима. Иако не мора да важи за секого, грчевите можат да се засилат со промената на годишните времиња. Важно е да се разбере дека овие грчеви во мускулите се поврзани со нервни проблеми, а не со мускулни нарушувања.

Дехидрација

Една од причините за грчеви во мускулите секако може да биде дехидрацијата. Може да промовира електролитна нерамнотежа во крвта, што може да биде еден од предизвикувачите на грчеви.

Напорно вежбање

Напорните вежби отсекогаш биле поврзани со грчеви во мускулите. Преоптоварување на мускулите и замор може да ги поттикнат локалните мускулни грчеви во мускулните влакна. Ова се случува дури и кај професионалните спортисти.

Недостаток на хранливи материи

Недостатокот на витамини како калциум, магнезиум и калиум може да игра важна улога во грчевите во мускулите. Секој од овие витамини помага да се одржи рамнотежата во телото, а поради недостаток на еден од нив, може да настанат грчеви.

Стоење

Луѓето кои поминуваат многу време во стоечка положба се изложени на поголем ризик да доживеат грчеви, за разлика од оние што седат. Во стоечка положба, крвта и водата одат до долниот дел од телото. Ова може да доведе до нерамнотежа во телото и да го зголеми притисокот врз мускулите и тетивите, што може да доведе до грчеви.

escort - Korsan taksi