Најчести грешки : Список на храна што во никој случај не треба да ја јадеме за појадок!

5 мај, 2021
Breakfast,Served,With,Coffee,,Orange,Juice,,Croissants,,Cereals,And,Fruits.

Откријте која храна е забранета за вашиот утрински оброк.

Појадокот е многу важен оброк – може да ви го разубави или расипе денот. Покрај тоа, на организмот му дава енергија и затоа е важно да внимаваме што внесуваме во организмот наутро.

Откријте која храна е забранета за вашиот утрински оброк.

Шунка, сланина и колбаси

Преработеното месо има нитрати и тие ги зголемуваат шансите за добивање рак на дебелото црево. Двопек, малку посно сирење и варено јајце се пожелна алтернатива.

Житарки со засладувачи / шеќер

Некои житни култури се полни со јаглехидрати и шеќери. Кога ги јадеме, нивото на шеќер во крвта нагло се зголемува и многу брзо паѓа. Ако не сакате вашата енергија да падне точно на почетокот на денот, изберете житарици богати со растителни влакна и протеини. Можете да додадете мелен лен или ореви.

Палачинки со вештачки јаворов сируп

Јаворовиот сируп спаѓа во категоријата здрава храна, меѓутоа, вештачките видови на тој сируп се нездрави бидејќи содржат високо ниво на пченкарен сируп, кој е полн со фруктоза. Резултатот е масно ткиво што се чува помеѓу органите, а токму маснотијата предизвикува рак.

Тесто, крофни, колачи

Покрај тоа што се направени од рафинирано бело брашно, тие се полни со шеќер, што е најлош извор на гориво за раните утрински часови затоа што доведува до брз пораст, а потоа и до пад на шеќерот во крвта. Ова значи дека ќе бидете гладни порано, но исто така ги зголемувате шансите за дебелина и дијабетес.

Лесен јогурт

Обично се полни со вештачки засладувачи и нехранливи производи. Претпочитајте да консумирате оние кои имаат помалку маснотии.

Мафни

Тие се многу тешки и полни со бело брашно, масло или путер, како и шеќер.

escort - Korsan taksi