НАУЧНИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ПОТВРДИЈА: Овој алкохолен пијалок го поттикнува губењето на тежината

14 август, 2021
Screenshot 2021-08-14 003727

„Агавето не е скапо и нема несакани ефекти, освен кај неколку луѓе кои не го толерираат“

Новото истражување откри врска помеѓу текилата и губење на тежината поради позитивните состојки на растението агаве од кое се прави текилата, пишува „The Independent“.

Ако сакате да изгубите тежина, нутриционистите и фитнес експертите ќе ви препорачаат да ја намалите конзумацијата на алкохол бидејќи е богат со калории. Сепак, добрата вест е што новото истражување откри врска помеѓу текилата и губење на тежината.

Американското хемиско друштво го претстави своето истражување во кое се вели дека текилата може да им помогне на оние кои ја конзумираат во намалување на шеќерот во крвта. Конкретно, тоа може да биде придонес на шеќерите што природно ги има во растението агаве од кое се прави текилата.

Овие шеќери се нарекуваат агаве – што не е исто како и сирупот од агаве – и делуваат како диетални влакна кои не го зголемуваат шеќерот во крвта, пренесува „The Independent“.

“Агавето не е скапо и нема несакани ефекти, освен кај некои луѓе кои не го толерираат”, вели д-р Мерцедес Г. Лопез, додавајќи дека агавето, како и другите фруктозни шеќери, е најдобро за раст на здрави микроби во устата и цревата.

escort - Korsan taksi