Не мора да бидат исклучиво црни или сиви: Оваа боја на капут ќе биде главниот ТРЕНД оваа сезона

13 октомври, 2021
329417_zeleni-kaput-shutterstock-1048585481_ff

Нема да погрешите со црн или камел капут, но ќе го направите вистинскиот избор доколку одлучите да купите модел во супер-совршена зелена нијанса!

Ако ви се допадна главниот тренд на сезоната оваа пролет и лето што се однесува до бојата, тогаш ќе бидете воодушевени од информацијата дека зелената се уште е најпопуларна – во сите нијанси!

Бидејќи студената сезона во голема мера започна, идеално е да се избере топол, волнен капут во една од зелените нијанси. Опојните нијанси на зелена ќе бидат подеднакво популарни, од посветли, жалфија, лимета, нане, боја на фстаци до потемни, загасити нијанси. Живата зелена боја малку потсетува на будењето на природата, така што ќе го подигне вашиот стил на посветло ниво дури и во постудените и дождливи денови.

Се разбира, ова не значи дека неутралните нијанси на црна, сива и кафеава боја не се во мода; напротив, таквите парчиња треба да бидат во гардеробата, како и мега-популарниот камел капут. Тие за нијанса полесно се комбинираат со различна облека и чевли, но нема грешка ниту со зелен капут.

Најдобро е да изберете модел со класичен крој, со некои безвременски детали, кои полесно ќе ви одговараат со остатокот од стајлингот. Изберете модели што се носат и со дневна и со вечерна комбинација…

Исто така, шарените модели во кои доминира зелената боја се неизбежни за тренди девојките!

Изберете ја вашата зелена нијанса и дефинитивно нема да погрешите.

escort - Korsan taksi