Никогаш не ја фрлајте кората од јаболките: Причините ќе ве изненадат

24 јуни, 2021
03fe7a748286885e324183dca90b4b7a948722c6

Јаболкото е едно од најпопуларните овошја кај луѓето, и сè што треба да направите е да го измиете и да го изедете.

Научно е докажано дека лушпата од јаболко содржи најголем број витамини и растителни влакна, па затоа лупењето воопшто не се препорачува.

Поголемиот дел од влакната се наоѓаат во кората: Јаболко со средна големина содржи 4,4 грама влакна. Без кората остануваат само 2,1 грама, што не е доволно за јаболкото да се нарече „добар извор на влакна“.

Повеќето витамини се исто така во кората

Јаболко со кора има 8,4 милиграми витамин Ц и 98 меѓународни единици (IU) витамин А. Без кора остануваат само 6,4 милиграми витамин Ц и 61 IU витамин А.

Јаболкото ги олеснува проблемите со дишењето

Само ако го јадете со кора. Соединението кое влијае на дишењето се нарекува кверцетин и се наоѓа главно во кората од јаболка. Едно истражување открило дека луѓето кои јаделе пет или повеќе јаболка неделно имале подобра функција на белите дробови благодарение на дејството на кверцетинот.

Кверцетинот влијае и на меморијата

Студија спроведена во 2004 година покажа дека антиоксидантот се бори со оштетување на мозочното ткиво поврзано со Алцхајмерова болест, а други и дегенеративни проблеми.

Ја одржува витка фигура

Урсолната киселина (состојка во лушпата од јаболко) помага во градење на мускулите и согорување на калориите. Едно јаболко со кора на ден го намалува ризикот од дебелина.

escort - Korsan taksi