„Одвратно“, „одбивно“, „скапано“: Поединци кои преживеале КОВИД-19 имаат проблем со ОВАА храна!

8 февруари, 2021
smrdi

Еден од најпрепознатливите симптоми на корона вирусот е секако губењето на чувството за мирис и вкус. Иако овој симптом не се јавува кај сите пациенти, сепак тој најдобро сигнализира дека не станува збор за грип или за било какво друго заболување.

Луѓето кои го губат чувството за мирис и вкус за време на КОВИД-19 обично го враќаат во рок од неколку недели по закрепнувањето. Но, не без последици.

Според „BestLife“, лица кои го надминале КОВИД-19 и го изгубиле чувството за вкус и мирис, по болеста забележале дека некои видови храна не се веќе примамливи.

Иако ова не е официјална студија, туку серија интервјуа со луѓе кои го прележаа КОВИД-19 објавено во списанието Eater, нивното искуство може да им помогне на лекарите подобро да разберат како коронавирусот влијае на телото.

Една од храната што тие особено ја посочија како „одвратна“, „одбивна“ и „мириса на гниење“ е црвениот кромид. Оваа омилена храна во нашиот регион, за британските пациенти стана храна што ја избегнуваат.

Но, не само кромидот е докажан проблематичен. За некои луѓе кои имале КОВИД-19, нивното чувство за вкус е променето и сега треба посилно да ја зачинат храната што ја јадат (додаваат повеќе сол или шеќер) за да почувствуваат што било. Покрај тоа, некои објавија дека повеќе не можат да размислуваат за месо и месни производи затоа што сега имаат вкус на бензин, додека други истакнаа дека нивното вино сега има вкус на масло.

Не е познато дали таквото изменето чувство за вкус и мирис наскоро ќе исчезне или ќе остане трајно за овие пациенти.

escort - Korsan taksi