ОТКРИЕНО Е КОЛКУ СМЕ ЗАШТИТЕНИ ПОСЛЕ ПРЕЛЕЖАН КОВИД: Пристигнаа резултатите од првото истражување – НЕ е исто за сите!

20 март, 2021
spanija-korona-virus-4-

Пристигнаа резултатите од првото истражување за реинфекција со корона вирусот!

Ново истражување покажува дека луѓето кои имале Ковид-19 се заштитени од повторна инфекција најмалку шест месеци, но кај постарите луѓе ризикот од реинфекција е зголемен!

Една нова студија објавена во научното списание „The Lancet“ открива дека само околу 0,65 проценти од четирите милиони луѓе претходно дијагностицирани со Ковид-19 со PCR биле повторно инфицирани со вирусот.

Според овие податоци, луѓето на возраст под 65 години се заштитени од реинфекција со околу 80 проценти откако биле подложени на Ковид, додека тој процент е помал кај оние над 65 години и изнесува 47 проценти.

Во врска со фактот дека постарите лица се изложени на поголем ризик од реинфекција, авторот на студијата, д-р Стен Етелберг, вели дека резултатите се во согласност со пораката што е испратена од почетокот на пандемијата – дека старите лица се најзагрозени.

Истражувањето е спроведено за време на првите бранови на пандемијата, што значи дека не е испитано дали ризикот од реинфекција е поголем сега кога се појавија нови соеви на Ковид.

Иако овие податоци се важни, научниците истакнуваат дека тие не сакаат да ја намалат важноста од почитување на мерките како што се носење маска и физичко растојание, како и вакцинирање.

escort - Korsan taksi