ОВА Е НАЈТРЕНДИ ФРИЗУРА ЗА ЛЕТОВО: Ќе се осмелите ли да ја носите?

7 јули, 2021
230645_profimedia0561914965_ls

Дефинитивно најпопуларната фризура ова лето, во која се комбинираат два сосема различни стилови, mullet од деведесеттите и ноншалантна, неуредна фризура, како онаа што ја претпочитаат Французинките, запознајте се со – wolf фризура.

Тајната е во шишањето на косата во различни должини, се прават слоеви и неуреден изглед, сето тоа во согласност со обликот на лицето.

Фризурата wolf има огромен број прегледи и коментари на сите социјални мрежи (пребарувањето по оваа фризура на Pinterest порасна за 75 проценти и има 108 милиони прегледи на апликацијата), што доволно ви кажува за нејзината популарност ова лето.

Интересно обликувана, идеална е за секој што сака да скокне во непознати води и да направи драстична промена.

Таа е одличен избор за лето, бидејќи е лесна за стилизирање и со неколку движења на рацете, секогаш ќе изгледате уредно.

Можете да видите одличен пример за wolf фризура на Били Ајлиш, но и на многу други трендсетерки на Инстаграм. Дивата коса ќе биде подготвена за луда летна забава, затоа излезете од вашата удобна зона и осмелете се да ја испробате!

escort - Korsan taksi