ОВИЕ 3 НАМИРНИЦИ СЕ МНОГУ КОРИСНИ ЗА ВАШИТЕ БЕЛИ ДРОБОВИ: Освен тоа, го зајакнуваат и имунитетот!

21 март, 2021
324947_coronavirus-4844593-1920_f

Поважно е од кога било да го заштитиме нашето здравје, особено белите дробови. Некои истражувања сугерираат дека јајцата, оризот, па дури и животинските масти, како што е сланината, покрај голем број билки и чаеви, всушност се многу корисни за здравјето на белите дробови и помагаат во заштита од настинка.

Благодарение на одредени хранливи материи, оваа храна може да помогне да се заштитите од вируси. Дали е тоа навистина така, одговорот го даде руската нутриционистка Маргарита Королева.

  • „Кога станува збор за здравјето на белите дробови, интегралниот ориз има предност. Протеините од оваа храна се користат за градење на имуноглобулини, што помага да се заштити од инфекција. Масните компоненти од жолчката се важни за ѕидовите на алвеолите (дел од белите дробови), тие го зајакнуваат имунитетот и го обезбедуваат телото со кислород. Недостаток на маснотии во исхраната може да доведе до клеточна хипоксија (намалување на кислородот во клетките). Ѕидовите на имуните клетки се направени од маснотии. Затоа јајцата и животинските масти не смеат да се исклучуваат од исхраната“ – забележува нутриционистот.

Постојат некои други супстанции што ги содржи оваа храна, кои играат важна улога во одржувањето на имунитетот и здравјето на белите дробови.

  • „Витаминот А го стимулира имунитетот и го забрзува производството на клетки кои се „убијци“ на патогени. Витаминот Е е моќен антиоксиданс. Нерафинирани растителни масти, маслинови масла, ленено семе, сончогледи, како и риба од северните мориња се исто така корисни за здравјето на белите дробови. Омега-3 мастите во нивниот состав ја поддржуваат липидната мантија на клетките и имаат силно антиинфламаторно дејство, кое помага во одбрана од каква било инфекција“ – забележува лекарот.
escort - Korsan taksi