Придобивки од вечерниот туш: Поубава кожа и коса, но и подобар сон

23 август, 2021
dreamstime_l_27000032

Вечерниот туш го релаксира телото и умот, а ако се истуширате во вистинско време, може да поттикне подобар сон. Туширањето 90 минути пред спиење во топла вода може да ви помогне да заспиете 10 минути побрзо од вообичаеното

Дерматолозите препорачуваат да се трошат помеѓу 5 и 10 минути дневно под туш. Но, додека некои од нас не можат го започнат денот без утрински туш, други претпочитаат да се капат навечер. И иако времето за туширање се сведува на вашите лични преференции, оние кои ќе изберат да го прават тоа навечер имаат повеќе придобивки во однос на убавината и здравјето.

Постојат повеќе начини како вечерното туширање може да ви користи на здравјето и изгледот, а еве некои од нив:

1. Може да ви помогне да заспиете побрзо

Вечерниот туш го релаксира телото и умот, и ако се истуширате во вистинско време може да обезбеди подобар сон. Туширањето 90 минути пред спиење во топла вода може да ви помогне да заспиете 10 минути побрзо од вообичаеното. Ова се случува затоа што топла вода ја намалува температурата на телото, што испраќа сигнал до телото дека е време за спиење.

2. Подобро е за кожата

Туширањето пред спиење исто така може да помогне во спречување на појава на акни. Косата собира бактерии и таложење производи во текот на денот, и кога главата се потпира на перница, сите овие нечистотии се пренесуваат на навлаката за перница, а потоа и на лицето. Бидејќи кожата се обновува додека спиеме, спиењето со чиста и свежа кожа, исто така, значи дека новите клетки на кожата ќе бидат здрави.

3. Може да ги ублажи сезонските алергии

Ако страдате од сезонски алергии, вечерниот туш може да ви помогне да ги ублажите симптомите. Останувањето надвор значи дека алергени, како полен и прашина, можат да се навлечат на вашата кожа и облека, и ако не се истуширате пред спиење, може да завршите и на постелнина. Ако имате навика да се туширате наутро, размислете за промена на вашата рутина и вметнување вечерен туш за да ги избегнете непријатните симптоми на алергија.

escort - Korsan taksi