РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНА АКЦИЈА ПОД ПРЕКРИВКА: Овие три работи му се најважни на мажот во креветот!

16 септември, 2021
121182_couple-2300103-1920_iff

Иако жените многу често мислат дека машките фантазии се најчесто изопачени, повеќето од нив всушност сакаат овие три едноставни работи да ги исполните во кревет.

Затоа, не осудувајте ги, туку откријте што најмногу му се допаѓа на посилниот пол кога станува збор за акцијата под чаршафите.

1. Однос со вклучено светло

Темнината е одличен сојузник со криење на недостатоците, но мажите сепак преферираат кога водат љубов во просторија во која светлината не е целосно исклучена. Опуштете се, тие не ги гледаат малите несовршености на телото, целулит или малку вишок на стомакот.

Тие гледаат прекрасно женско тело со сите свои маани и доблести, и уживаат токму во тоа. И не само што сакаат да уживаат во тој изглед, туку и сакаат да ве гледаат во очи, а посебно задоволство им е да го набљудуваат вашиот израз на лицето за време на сексот. Направете исклучок, оставете го придушеното светло и уживајте во љубовта без да размислувате за вашите маани.

2. Покажете дека уживате или не уживате

Жените се склони кон мали лаги за да не ги повредат своите партнери. Сепак, мажите признаа дека не сакаат такви повратни информации! Ако нешто не ви се допаѓа, тие сакаат да знаат како да го поправат, да ја подобрат својата техника. Ако не ви се допаѓа нешто што го прави за време на сексот, кажете му отворено.

Бидете искрени, покажете му како и што да прави. Не само што ќе го цени тоа, туку и ќе биде задоволен од фактот дека напорно работите на вашата врска и сигурно ќе уживате повеќе.

3. Оргазмот не им е најважен

Признајте, и толку пати сте мислеле дека најважно за мажот е да достигне кулминација за време на сексот! Сепак, тие велат дека две работи им се поважни: уживање во женското тело, облини, убавина и давање задоволство на нивната дама! Третото место го зазеде предиграта, а дури потоа оргазмот.

escort - Korsan taksi