Сè што ви треба е јаболко и ЕДЕН зачин, за пијалок кој го забрзува слабеењето!

4 мај, 2021
shutterstock_73665493_1000x0

Најдобро е да пиете по една чаша од овој пијалок наутро на празен стомак

Дека треба да пиеме најмалку два литра вода на ден, не е ништо ново. Ако самата вода ви е премногу здодевна, ние имаме алтернатива. Покрај тоа што е вкусна, комбинацијата на јаболко и цимет фантастично го регулира метаболизмот и ефикасно ја намалува тежината со елиминирање на вишокот задржана течност од организмот.

Заборавете на водата со лимон, за чии корисни својства се колнат милиони жени со години. Водата со јаболко и цимет е хит пијалок за слабеење оваа пролет и има две предности: делува на намалување на воспалителните процеси во организмот и стимулирање на метаболизмот. Ова значи дека оваа мешавина му помага на телото да се ослободи од токсични материи, но и да ослабе. Причината за тоа е мешавина од витамини, минерали, природни супстанции и антиоксиданти од јаболка и цимет.

Како да ја направите хит напивката за слабеење

Состојки: 1 литар вода (обична или минерална), 1 стапче цимет, 1 зелено јаболко, 1 лимон

Подготовка: Загрејте ја водата во тенџере (но не и да зоврие). Потоа истурете ја во бокал и додадете цимет и ситно сецкано јаболко. Оставете малку да се излади, покријте и ставете во фрижидер. По околу два часа, извадете го напитокот од фрижидерот, додадете го исцедениот сок од лимон и уживајте!

Најдобро е да пиете една чаша од овој пијалок наутро на празен стомак – така што супстанциите ќе делуваат оптимално. Пијте го преостанатиот пијалок повремено во текот на денот.

escort - Korsan taksi