Што да јадете пред и по вакцинацијата против Ковид за да ги ублажите нуспојавите?

10 април, 2021
2021-03-22T121627Z_1129038005_RC2CGM9XZRS4_RTRMADP_3_HEALTH-CORONAVIRUS-PAKISTAN-VACCINE-2048x1365

Според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), по вакцинацијата може да се појават лесни несакани ефекти, кои може да вклучуваат болка, црвенило и оток на местото на инјектирање, треска, главоболка, замор, гадење, треска и болки во мускулите. Овие симптоми се всушност знак дека вашето тело гради имунитет, а овие лесни несакани ефекти исчезнуваат сами по себе за неколку дена. Но, можете да направите неколку работи за да ги олесните несаканите ефекти.

Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир може да помогне против гадење. Се верува дека ѓумбирот им помага на луѓето кои имаат гастроинтестинални проблеми.

Не постете и пијте пијалаци за детоксикација

„Развојот на имунитетот зависи од тоа како телото ги “чита упатствата“ од вакцината и ги синтетизира антителата и белите крвни зрнца, за што се потребни соодветни протеини во исхраната“, вели др. Роналд Хофман, интегративен лекар од Њујорк. Затоа, не треба да постете или да пиете чаеви и сокови за детоксикација непосредно пред и по вакцинацијата.

Хидрирајте се

Земете многу течности. Може да биде обична или минерална вода и разни чаеви. Еден од несаканите ефекти на вакцинацијата е треска што може да доведе до дехидрираност, затоа треба да пиете многу течности.

Јадете здраво

Треба да се храните здраво неколку недели пред вакцинацијата. Познато е дека медитеранската диета има антиинфламаторно дејство. Неколку недели пред да треба да се вакцинирате, јадете многу зеленчук, овошје, цели зрна, риба, грав и јајца.

Јадете супа

Обична пилешка супа со многу зеленчук е лесен оброк што лесно се подготвува, вари и е исклучително хранлив.

Значи, хранете се здраво, внесувајте доволно течности, одморете се за да му дадете на имунолошкиот систем најдобра шанса добро да одговорите на вакцината и брзо да закрепнете, советува Huff post.

escort - Korsan taksi