Што СЕ СЛУЧУВА со ВАШЕТО ТЕЛО ако одеднаш престанете да пиете кафе?

29 август, 2021
кафе

Невозможно е да се замисли почетокот на денот без кафе. Ја подобрува концентрацијата, расположението, а и разбудува. Ако сакате да престанете да пиете кафе, експертите советуваат да го правите тоа постепено.

Кога телото целосно ќе го исфрли кофеинот, може да настанат главоболки поради неговиот недостаток.

Покрај тоа, наглото намалување на кофеинот може да резултира со тешкотии во концентрацијата. Препорачливо е наизменично да пиете обично и безкофеинско кафе, додека целосно не преминете на кафе без кофеин.

Умерените количини на кафе можат да помогнат во одржувањето на здравјето на мозокот, но прекумерните количини можат да направат повеќе штета отколку корист.

Една неодамнешна студија покажа дека пиењето повеќе од шест шолји кафе дневно е поврзано со зголемен ризик од деменција, дури за 53 проценти. За здрави возрасни лица, 400 милиграми кофеин дневно се сметаат за безбедни, што е приближно четири чаши.

Исто така, се препорачува да не пиете кафе доцна попладне, бидејќи може да предизвика нервоза и да спречи релаксација пред спиење. Затоа, кофеинот треба да се избегнува најмалку шест часа пред спиење.

Исто така, кафето не треба да биде премногу слатко. Една студија од 2019 година покажа дека прекумерната конзумација на шеќер кај постарите лица е поврзана со лоши когнитивни функции. Мажите не треба да внесуваат повеќе од девет лажички дополнителен шеќер дневно, а жените повеќе од шест.

escort - Korsan taksi