Смеете ли да пиете алкохол по вакцината против Ковид-19? Еве што велат експертите

29 април, 2021
GREECE-HEALTH-VIRUS-VACCINE

Бројни здравствени експерти наведуваат дека вакцината е излез од тунелот и дека само со вакцинација можеме да ја победиме пандемијата на коронавирусот. Но, некои експерти наведуваат дека по вакцинирањето против Ковид-19 не треба да пиете големи количини алкохол бидејќи тоа може да влијае на ефективноста на вакцината.

Кристофер Томпсон, вонреден професор на Катедрата за биологија на Универзитетот Лојола во Мериленд, рече дека „повеќето од достапните податоци за тоа како алкохолот влијае на имунитетот и имунолошкиот одговор по вакцинацијата сугерираат дека луѓето треба да избегнуваат поголеми количини на алкохол за време на периодот на вакцинација.”

Ниту едно клиничко испитување поврзано со одобрени вакцини не забележало дали алкохолот влијае на ефикасноста на вакцините. Но, Томпсон истакнува дека прекумерната потрошувачка на алкохол може да предизвика помала ефикасност во имунолошкиот систем, односно дека алкохолот може да ја намали ефикасноста на самата вакцина.

„Гледаме функционална дисрегулација на многу имунолошки клетки, додека истовремено гледаме зголемување на воспалението и про-воспалителните молекули низ целото тело“, објасни Томпсон.

Според Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам (НИААА), прекумерната потрошувачка на алкохол се дефинира како пиење повеќе од четири алкохолни пијалоци на ден за мажи и повеќе од три алкохолни пијалоци на ден за жени.

Умерените количини не треба да влијаат на ефикасноста на вакцината

Од друга страна, некои здравствени експерти наведуваат дека некои алкохолни пијалоци по вакцинирањето не би требало да предизвикуваат проблем. Д-р Ихем Месауди, директор на Центарот за истражување на вируси на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин, кој спроведе истражување за ефектите на алкохолот врз имунолошкиот одговор, за The New York Times изјави дека умереното консумирање алкохол не треба да влијае на ефективноста на вакцините.

NIAAA го дефинира умереното пиење како потрошувачка на не повеќе од два алкохолни пијалоци дневно за мажи, или не повеќе од еден алкохолен пијалок дневно за жени. Но, Месауди предупредува дека умереното пиење може брзо да излезе од контрола.

„Бидете свесни што значи умерено пиење. Опасно е да се пие голема количина алкохол, бидејќи влијае на сите биолошки системи, вклучително и на имунолошкиот систем. Овие ефекти се доста силни и се јавуваат прилично брзо откако ќе испиете повеќе од оние што се сметаат за умерени количини “, рече Месауди.

Умереното пиење може да ги влоши несаканите ефекти по вакцинирањето

Според некои експерти, секоја количина алкохол веројатно ќе ги влоши несаканите ефекти по вакцинацијата. Танија Елиот, инструктор по клиничка медицина во NYU Langone Health, изјавува дека алкохолните пијалоци можат да влошат некои несакани ефекти, вклучувајќи болки во мускулите и општа слабост кај луѓето.

Имено, многу симптоми на мамурлак ги отсликуваат потенцијалните несакани ефекти на вакцината против Ковид-19, а тука спаѓаат симптоми како што се замор, главоболки, болки во мускулите и гадење. Овие несакани ефекти може да ги избегнете ако избегнете алкохол по вакцинирањето.

По вакцинирањето, треба да се фокусирате на тоа да бидете хидрирани, односно да внесувате доволно течности во вашето тело, советува Best life. Експертите предупредуваат дека недоволно течности по вакцинацијата може да ги влошат несаканите ефекти.

„Дехидрираноста или недоволното внесување на течности по вакцинацијата може да ги влошат несаканите ефекти на вакцината“, рече Роберт Кигли, регионален медицински директор за меѓународна помош на СОС и MedAire. Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) исто така ве советуваат да „пиете многу течности“ ако имате несакани ефекти од вакцината – особено ако имате треска.

escort - Korsan taksi