СОВРШЕН ЗА ОНИЕ КОИ МРАЗАТ ВЕЖБАЊЕ: 12-3-30 трендот го полуде ТикТок, а еве за што станува збор!

18 август, 2021
161859_shutterstock-679609972_ls

Трендот за фитнес наречен 12-3-30 се почесто се споменува на социјалните мрежи, а ние ви откриваме за што се работи.

Траката за трчање е кошмар за многумина и главно никој не се радува кога ќе дојде време за тој дел од тренингот. Сепак, благодарение на TikTok, овој уред наскоро може да стане ваш најдобар пријател!

Имено, трендот за фитнес 12-3-20 е сосема нов начин на вежбање што ќе им се допадне дури и на оние кои навистина не се љубители на трчање. Да, добро прочитавте! И еве за што станува збор.

Станува збор за трчање на трака која вклучува одредена низа вежби. Имено, отпрвин, потребно е да се трча 12 минути со брзина од 3 милји на час (4 километри на час), а потоа следува прошетка во траење од 30 минути.

Самиот концепт беше замислен од интелектуалката Лорен Џиралдо, која го започна овој тренд на YouTube во 2019 година. Сепак, дури сега, преку TikTok, тој стана планетарно популарен.

  • Се плашев од салата и не бев мотивирана. Потоа го смислив овој тип трчање на трака“, призна Лорен, додавајќи дека изгубила 13 килограми благодарение на овој начин на вежбање.

По нејзиното видео во кое објасни како изгуби вишок килограми, многу девојки (и момчиња) го испробаа овој тренд. Ако им се верува на нивните сведоштва, овој начин на вежбање навистина дава резултати, а првите се видливи по само еден месец.

Но, дали 12-3-30 е добар начин за вежбање?

Овој тренд се фокусира на одење, а одењето е одличен тренинг со низок интензитет. На овој начин ги зајакнуваме коските и мускулите, ја подобруваме рамнотежата и координацијата на движењата, а во исто време го намалуваме ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Покрај тоа што ќе се испробувате на траките за трчање, овој тренд е погоден и за тренинг на отворено.

Се разбира, нема да им се допадне на сите, затоа што некој едноставно не сака да трча (или не треба, поради здравствени причини), затоа не се форсирајте.

Погледнете како изгледа тренингот, како и нејзините РЕЗУЛТАТИ:

escort - Korsan taksi