СЗО ИЗДАДЕ МНОГУ ВАЖЕН ПОВИК ЗА СИТЕ ПУШАЧИ: Погледнете!

7 април, 2021
696029_pusenje01-epa-rungroj-yongrit_ls

Проектот „Балканот без тутун“ е поддржан од организацијата “Campaign for Tobacco-Free Kids” и започна во јули 2020 година со цел да се намали распространетоста на пушењето

Движењето „Балканот без тутун“ денеска ги повика пушачите да се приклучат на иницијативата на Светската здравствена организација (СЗО) и да потпишат свечено ветување за запирање на пушењето и подобрување на грижата за нивното здравје и здравјето на животната средина.

Во изјавата по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, движењето предупреди дека една третина од возрасните граѓани консумираат цигари и други производи од тутун.

– Граѓаните мора да имаат поодговорен однос кон здравството, а надлежните институции можат да помогнат во тоа со промена на законските прописи за контрола на тутунот. Таквите мерки вклучуваат забрана за пушење на сите јавни места, подобрување на акцизните политики и забрана за рекламирање, спонзорирање и промоција на тутунски производи “, велат од движењето „Балканот без тутун“.

Тие исто така предупредија дека во пандемијата на корона вирус, ризикот од прогресија на болеста кај пушачите и поранешните пушачи е двојно зголемен во споредба со непушачите.

– Смртноста од ковид – 19 е поголема кај луѓето со претходно постоечки болести, вклучувајќи незаразни болести како што се кардиоваскуларни и хронични респираторни состојби, карцином и дијабетес. Познато е дека употребата на тутун е главниот вообичаен фактор на ризик поврзан со овие болести, се вели во соопштението.

Текстот на свеченото ветување е достапен на веб-страницата на СЗО –  I pledge to quit tobacco (who.int)

Проектот „Балканот без тутун“ е поддржан од организацијата “Campaign for Tobacco-Free Kids” и започна во јули 2020 година со цел да се намали распространетоста на пушењето преку политика за зголемување на акцизите за тутунот и тутунските производи. Партнери се организациите Propulsion од Србија, PROI од Босна и Херцеговина и Preporod од Црна Гора.

escort - Korsan taksi