ТИЕ ЗАСЕКОГАШ ГО ИСФРЛИЈА ШЕЌЕРОТ ОД ИСХРАНАТА: Имаат совршена фигура, изгледаат 10 години помлади!

23 јуни, 2021
252209_profimedia0616456233_ls

Многу славни личности ги елиминираа рафинираните шеќери од нивната исхрана и со тоа придонесоа, барем според нив, да се чувствуваат и да изгледаат подобро.

Пеачката Адел изгуби тежина благодарение на интензивниот тренинг, но целосно ги исфрли шеќерите од нејзината диета: “Престанав да пијам чај со шеќер, бидејќи ставав до 20 лажички шеќер на ден. После тоа, едноставно почнав да слабеам”, вели ѕвездата на хитот “Hello”.

Кејт Хадсон – Филмската sвезда своевремено изјави дека е голем љубител на слатки: „Постојано јадев нешто слатко и сакав да ја „испитам“ таа навика“. Таа престана да јаде слатки и сега јаде само „овошје, зеленчук и ореви, но ништо преработено и со рафиниран шеќер“, рече таа.

Гвинет Палтроу – Актерката верува дека една третина од калориите што ги внесува човекот доаѓаат од конзумирање шеќер или бело брашно. Таа призна дека се одвикнувала од консумирање шеќер цел месец, но успеала во тоа.

Џесика Алба ја одржува својата совршена фигура избегнувајќи слатки, иако, признава, ги обожавала. Оваа прекрасна актерка внесува само храна што има низок гликемиски индекс, редовно вежба. Заради своето здравје, таа реши да ги исфрли од исхраната сите житарки, бело брашно и рафинирани шеќери.

escort - Korsan taksi