Трик кој ќе ве воодушеви: За густи веѓи е потребно само сапун!

21 септември, 2021
214713_shutterstock-1221419089_ls

Како што се менуваат трендовите кога станува збор за модата, така се појавуваат и новитети во стандардите за убавина. Сите се сеќаваме како порано беа популарни веѓите тенки како линија, додека густите и природни веѓи беа во мода во последниве години.

Од таа причина, многу дами сакаат природно подебели веѓи, па успеваат на различни начини да добијат таков изглед. Сепак, не сите методи се подеднакво успешни, а некои се болни и прилично скапи.

Покрај козметичките препарати како што се сенки за очи и моливи, или трајни и полутрајни тетовирани веѓи, пополни веѓи може да се постигнат на многу поедноставен, и потполно безболен начин – со сапун.

За почеток, земете го омилениот молив или сенка за веѓи и обликувајте ги на вообичаен начин. Потоа исчешлајте ги со четка за веѓи, а потоа навлажнете го сапунот и пројдете ја четката за веѓи на него, но проверете дали слојот е тенок.

Со четката потоа четкајте ги веѓите нагоре во правецот во кој растат влакната. Не заборавајте да го средите горниот дел од веѓите, а кога ќе ја добиете саканата форма и густина, натапкајте ги веѓите со прстите и готово – резултатот ќе ве воодушеви.

escort - Korsan taksi