ТРИTE најголеми невистини кои МАЖИТЕ ги мислат за жените

25 јули, 2021
poljubac-zagrljaj-par-muskarac-brada-780x298

Во одредена фаза од животот, на повеќето мажи им биле предочени овие „факти“ за припадничките на понежниот пол. Многумина и понатаму слепо веруваат во нив. Сепак, тие се далеку од вистината.

Трите заблуди за жените во кои мажите не треба да веруваат повеќе се:

1. Жените се поприлично незаинтересирани за сексот.

Во споредба со мажите, жените баш и не се некои страсни љубителки на активностите во кревет, зар не? Неточно. Секако, постојат и такви кои се незаинтересирани, или, пак, кои само вешто глумат дека ги боли главата, но мнозинството жени навистина уживаат во сексот.

2. Кога велат „ништо не ми е“, всушност лажат.

Со други зборови, ним секогаш им е нешто. А, фразата „ништо не ми е“, пак, спротивно на кажаното – позната е како знак дека жената е лута од некоја причина, но не сака да открие поради што. Сепак, вистината е сосема поинаква. Повеќето жени велат дека не им ништо, тогаш кога навистина не им е – ништо.

3. Жените изневеруваат многу поретко од мажите.

Без да навлегуваме во мотивите за прељубата, непобитна вистина е дека и припадничките на понежниот пол, исто така често ги изневеруваат своите партнери. Но, тоа го прават малку попаметно од мажите.

escort - Korsan taksi