Вашата поубава половина НЕ САКА секс со вас? Можеби ова се причините…

11 март, 2021
Screenshot_2

Не лутете се веднаш на вашата партнерка кога одбива да има секс со вас. Зборувајте со неа, побарајте причина и обидете се да ја решите заедно.

Можеби е незадоволна од вашиот однос.

За многу жени, сексуалната желба е директно поврзана со емотивниот однос што го имаат со вас. Ако жената е незадоволна од бракот или врската во која се наоѓа. Затоа е многу важно отворено да разговарате и да се обидете да откриете во што е проблемот.

Можеби сексот ѝ станал болен

Со возраста доаѓа мудроста, но исто така и проблемите во спалната соба. Ако сексот е болен или непријатен за вашата сопруга или девојка, има смисла да ве одбие. И жените и мажите доживуваат физички и хормонални флуктуации, а кај жените можат да влијаат на сексуалниот нагон, промени во влажноста на вагината, што може да го направи сексот болен.

Можеби сте ја запоставиле

Сексот е многу повеќе од секс. Тоа е бакнеж за добро утро, убава порака преку ден, тоа е повремено изненадување во форма на цвет, или: „Драга, ќе те сменам денес во кујната“. Дали тоа постои во вашата врска?

Можеби вашиот секс станал здодевен

И за тоа мора да зборувате. Тоа е единствениот лек. Отворено, без ракавици и срам. Прашајте ја вашата сакана што би сакала да доживее во сексот, за што фантазира, кои се нејзините фантазии … и бидете подготвени да исполните барем дел од тоа. Понекогаш е доволно само да ја смените „сцената“, да запалите свеќи, да додадете убава музика, да ја наполните кадата …

escort - Korsan taksi