Веројатно ја правите оваа грешка: Не спијте со мокра коса, тоа може да предизвика проблеми

17 март, 2022
Screenshot 2021-07-28 181653

Возрасни луѓе сме и знаеме дека воопшто не е паметно да излегуваме од дома со мокра коса. Воспаление, главоболка и настинка се само некои од проблемите што можат да нè снајдат. Следното прашање е – дали е добро да спиете со мокра коса? Апсолутно не.

Првут

Една од главните причини за првут се габичките. Спиењето со мокра коса дополнително го влошува проблемот со првутот. Топлата перница во контакт со влажна коса не дава добри резултати. Имено, влажните и топли средини им одговараат на габите. Ако планирате да се ослободите од првутот, користете соодветни препарати и задолжително сушете ја косата со фен.

Во текот на ноќта, температурата на телото се зголемува, а влажната глава нема да донесе ништо добро кога ќе се раздени, освен потенцијално силна главоболка.

Кршење на косата и губење на сјајот

Влажната коса во комбинација со влажна подлога доведува до кршење и губење на сјајот на косата. Ако регенераторот не е добро измиен, ситуацијата се влошува.

Најдобро решение е чиста перница и исушена коса – без никаква дилема.

escort - Korsan taksi