Заборавете на скапи третмани: Еве кои намирници го бришат целулитот!

20 јули, 2021
16ecab091d2774d84ae58b8345217688d9a852db

Најголемиот непријател на сите жени, особено кога е време за кратка, летна гардероба. Покрај генетските предиспозиции, како што се циркулацијата и кожата, примарна причина за целулит е нездравата исхрана. За да се ослободите од него, не е потребно да купувате скапи креми и третмани, но потребно е да се воведе ред во вашата чинија.

Зеленчукот е клучен во борбата против целулитот, а на прво место е слаткиот компир, една од најхранливите намирници која е полна со витамини Ц и Е, бета каротен и калиум. Неговите коренасти протеини се одличен антиоксиданс, а честата потрошувачка се препорачува заради подобрена циркулација и излачување на токсините, што е клучот за отстранување на целулитот.

Прокељ е одличен сојузник во борбата против целулитот бидејќи покрај витамин Ц, тие содржат и индол-3-карбинол, кој во организмот се претвора во ди-индолил метан, ДИМ, кој им помага на ензимите во црниот дроб да го блокираат производството на штетни честички кои го уништуваат колагенот.

Конечно, суперхраната – брокула. Брокулата е полна со витамин Ц и одличен извор на растителни влакна, најдобриот нелактичен извор на калциум и алфа липоична киселина, што спречува стврднување на колаген и акумулација на наслаги, кои ги нарекуваме целулит

Секако, потребни ви се и насочени вежби за мускулите во областа каде е целулитот, па кога ќе го комбинирате сето тоа, вашите нозе ќе го добијат посакуваниот изглед.

escort - Korsan taksi