ЗАСТРАШУВАЧКИ! Откриено зошто луѓето умираат од рак: Малигните клетки се хранат со ова

28 јули, 2021
Screenshot 2021-07-28 190457

Истражувањето започна откако се зголеми бројот на случаи на рак на дебелото црево кај лица помлади од 35 години

Новите медицински докази покажуваат дека нашата зависност од газираните пијалоци, иако не изгледа сериозна, може да биде многу опасна. Толку опасна, што неодамнешно истражување откри дека може да предизвика дури и рак.

Истражувањето започна откако се зголеми бројот на случаи на рак на дебелото црево кај лица помлади од 35 години, објасни др. Луис Ц. Кантли од Универзитетот Корнел. Оттогаш, научниците открија дека глукозата и фруктозата, кои се наоѓаат во пијалоци засладени со пченкарен сируп, всушност го забрзуваат растот на цревните тумори кај глувците, пишува „Health News“.

Глувците склони кон рак на дебелото црево се хранеле со пченкарен сируп со висока содржина на фруктоза, малку понизок од оној што се наоѓа во лименка газиран пијалок. Како резултат на тоа, „туморот јадеше шеќер, ракот користеше фруктоза и гликоза за да ја дуплира стапката на раст“.

Сепак, важно е да се напомене дека овие тестови се направени на глувци кои биле генетски модифицирани да бидат склони кон рак, така што ова не може безрезервно да се пренесе на луѓето, но нагласувањето на опасностите од фруктозата се секако важен факт , без разлика дали е во директна врска со ракот или не.

escort - Korsan taksi