АКО СТЕ ОДЛУЧИЛЕ ДА ГИ ОСТАВИТЕ ЦИГАРИТЕ: Овие 5 намирници ќе ви помогнат комплетно да се исчистите од никотинот!

29 април, 2021
shutterstock_1357258403

Сега е време целосно да му помогнете на вашето тело.

Сите добро знаеме дека тутунот не треба да се консумира, дека пушењето е лошо за целосната состојба на организмот, психичка и особено физичката, бидејќи влијае буквално на целото тело.

Исто така, сите знаеме дека не е лесно да се откажеме од оваа навика, бидејќи никотинот не само што создава физичка зависност, туку и ментална. Пушачите несвесно го организираат својот живот околу цигарите: Уште три цигари и тргнувам, цигара после јадење, кога ќе излезат од дома, кога ќе го напуштат превозот, времето се мери со испушени цигари …

Но, колку побрзо престанеме, толку подобро за нас, иако на телото му треба време да се ослободи од целиот никотин и другите токсини од телото.

Времето тука е клучно, телото се чисти, но постојат начини на кои можеме да му помогнеме, а тоа е конзумирање на одредени намирници.

Ние ги препорачуваме овие пет:

cigarete

Зелен чај

Телото со пушењето ја губи потребната течност, така што организмот многу побрзо влегува во состојба на дехидрираност. Пиењето зелен чај полн со антиоксиданси помага да се измие никотинот од клетките.

Спанаќ

Спанаќот е богат со фолна киселина, која е важна за нормалното функционирање на организмот, но исто така му помага на организмот да се ослободи од никотинот. Фолната киселина е витамин Б9, или еден од витамините од Б комплексот.

zeleni čaj

Морков

Грицкањето моркови е секогаш здраво, бидејќи тие содржат голема количина витамини А, К, Ц и Б, кои, меѓу другото, се и главните средства за чистење на организмот и ја враќаат виталноста на кожата што ја „украл“ никотинот.

Брокула, карфиол и зелка

Зеленчукот како брокула, карфиол или зелка содржи многу антиоксиданси кои ефикасно го чистат организмот од многуте токсини, покрај фактот дека овој зеленчук е исклучително здрав и на други начини.

grejpfrut

Цитруси

Цитрусите се овошје кое сигурно секогаш ќе биде пријатно за вашето тело, но портокалот, лимонот, мандарината, грејпфрутот, лиметата и други му помагаат на вашето тело побрзо да се ослободи од никотинот.

escort - Korsan taksi