АВТОФАГИЈАТА МОЖЕ ДА ВИ ГО ПОДОБРИ ЗДРАВЈЕТО САМО ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА! Доктор откри како го зајакнува имунитетот и штити од болести

22 мај, 2021
vil-kol

Ова се искуства на пациенти кои повремено практикуваат автофагија!

Не е тајна дека дигестивниот систем регулира многу работи, од нашиот имунитет, преку расположението, па дури и воспалителните процеси кои можат да се манифестираат преку хронични болести.

Лошиот дигестивен систем често се „крие“ зад бројни дијагнози, а докторите по интегративна медицина понекогаш препорачуваат автофагија како едно од решенијата.

“Паузата од храна е една од бесплатните, а честопати запоставени алатки во борбата за подобро здравје. Кога постиме, на гастроинтестиналниот тракт му го даваме одморот што очајно му треба и може значително да влијае на нашиот микробиом. Искуствата на моите пациенти покажуваат дека е така”, рече тој. Доктор по природна и интегративна медицина Вил Кол.

Варењето во нашето тело троши многу енергија, дури десет проценти од вкупните енергетски резерви. Сè, од џвакањето, преку голтањето до производството на плунка, бара енергија, а тие десет проценти дури и не вклучуваат производство на хормони, желудочна киселина и ензими неопходни за варењето и регулирањето на гладта.

Телото исто така произведува вода, базни соли, слуз и други супстанции кои влегуваат во тенкото црево и додека сето ова се случува, гастроинтестиналниот тракт мора да ја „меша“ храната и да го одржува ритамот на контракции со цел храната да се движи низ системот. На овој начин, различни делови на дигестивниот систем ги превземаат честичките на хранливите материи и ги испраќаат понатаму, преку крвотокот, во деловите од телото на кои им се потребни.

“Многумина дури и не знаат дека ова се толку комплицирани и долготрајни процеси, па затоа се изненадени ако им кажам дека телото ќе ужива во паузата од варењето на храната. Не е ни чудо што нивниот систем се заморува и се чувствуваат уморно или слабо. Затоа ја препорачувам автофагијата, за да се одмори стомакот, но има и други корисни ефекти врз микробиомот”, рече Кол.

“Микробиомот има сопствен ритам, и како што морето има плима, така и микробиомот има подеми и падови на бактериските колонии. Нивниот број зависи и од тоа дали сме будни, спиеме или јадеме. Овој ритам се повторува во циклуси секој ден, но може да се вознемири ако постојано јадеме нешто. Периоди слични на пост или автофагија, може да му помогнат на телото да го ресетира својот природен ритам”, рече тој.

Проблемите со метаболизмот честопати започнуваат во нашиот дигестивен систем, така што некои истражувања покажуваат дека дебелите луѓе имаат помал биодиверзитет во микробиомот или сериозни проблеми „некаде“ во тој систем. Периодите во кои телото се одмара од внесувањето храна помагаат да се намали апсорпцијата на специфични бактериски токсини, а со тоа да се намали ризикот од дијабетес и инсулинска резистенција.

Воспалителните процеси во стомакот може да доведат до системско воспаление низ целото тело, што понатаму може да биде вовед во хронични здравствени проблеми. Автофагијата е поврзана со понизок степен на воспаление во желудникот, а исто така помага при воспалителните нарушувања како што се Кронова болест, улцеративен колитис, синдром на нервозно дебело црево и други. Автофагијата е, според други истражувања, важен фактор за подобрување на CRP и IL-6 воспалителните маркери.

“Ако започнете автофагија од оваа причина, ќе бидете шокирани кога ќе сфатите дека ќе бидат потребни само неколку часа за промена. Може да очекувате дека процесот ќе трае со недели, па дури и месеци, но за некои од промените треба само еден ден. Ако на организмот му дадете „термин„ за автофагијата, а со тоа и термин за одмор на дигестивниот систем, може да очекувате значителни промени“, рече тој.

escort - Korsan taksi