ДАЛИ ИМАТЕ ПОВИШЕНИ МАСТИ ВО КРВТА? Одговорот е во стапалата

19 август, 2021
Screenshot 2021-08-19 191523

Може да се појават насекаде по телото, но најчесто се појавуваат на стапалата

Високиот холестерол е една од главните причини за кардиоваскуларни заболувања. Вишокот на оваа супстанца во крвта, исто така, може да влијае на појавата на срцев удар. А како да знаете дека имате висок холестерол?

Покрај тестовите на крвта, постои уште еден показател за високите вредности на овие масти, што може да се види на стапалата. Со хиперхолестеролемија, под кожата може да се формираат масни наслаги, наречени ксантоми. Може да се појават насекаде по телото, но најчесто се појавуваат на стапалата.

Овие „испакнатини“ под кожата обично се меки, чешаат, а понекогаш дури и болни, а нивната големина се движи од многу мали, до дијаметар над 7 см. Меѓутоа, во повеќето случаи, високото ниво на холестерол не е придружено со овие забележливи предупредувачки знаци.

Лекарите истакнуваат дека правилната исхрана може да помогне да се намали лошиот холестерол. „Намалувањето на внесот на заситени масти и нивното заменување со незаситени масти е одличен начин за намалување на нивото на холестерол“, објаснуваат експерти од „Heart UK“.

Заситените масти се масти што се наоѓаат во путерот, масното месо и сирењето. И како што забележуваат експертите, рибата е добар извор на здрави незаситени масти, особено омега-3 масни киселини.

escort - Korsan taksi