ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПОСТАРИТЕ: Студија докажа битни факти за Pfizer и AstraZeneca вакцините!

21 април, 2021
vaccine-6158184_1920

Првата студија која директно го спореди имунолошкиот одговор на вакцините за коронавирус Pfizer / BionTek и AstraZeneca откри силен и сличен одговор кај лица постари од 80 години по првата доза на вакцината, објавија британските научници.

Една британска студија исто така откри дека клучната компонента на имунолошкиот систем позната како Т-клетки покажала посилен одговор кај оние кои примиле вакцина АстраЗенека / Оксфорд, отколку оние кои примиле Pfizer / BionTek.

Научниците кои анализирале примероци на крв од 165 лица во Велика Британија, на возраст од 80 до 99 години и кои ја примиле првата доза на вакцина за коронавирус, рекоа дека откритието заслужува понатамошно обемно истражување.

Антителата ја блокираат способноста на коронавирусот да влезе во човечките клетки, а Т-клетките можат да дејствуваат како поширока заштита напаѓајќи и уништувајќи ги секоја клетка заразена со вирусот.

„Овие вакцини се подеднакво ефикасни во извлекувањето на одговори на антитела кај огромното мнозинство на луѓе (во оваа студија), дури и по единечна доза“, рече Пол Мос, професор по хематологија на британскиот универзитет во Бирмингем, кој е коавтор на студијата.

„Двете вакцини се добри“, рече тој за наодите од студијата.

Студијата е објавена пред да помине низ научниот преглед.

Истражувачите откриле дека клучните антитела се развиваат на слично ниво кај 93 проценти од 76 испитаници кои примале единечна доза Pfizer / BioNTek и кај 87 проценти од 89 испитаници кои примале единечна доза на AstraZeneca.

Хелен Пари, професор на Универзитетот во Бирмингем, кој е коавтор на студијата, рече дека повеќето од оние кои примиле вакцина AstraZeneca, во споредба со оние кои примиле Pfizer / BioNTek, имале Т-клеточен одговор што може да се утврди со тестови.

Ова откритие е уште еден доказ што ги потврдува резултатите од претходните истражувања кои сугерираат дека антителата што спречуваат коронавирус да се поврзе со човечки клетки не може да бидат единствениот важен елемент на имунитет, а Т-клетките исто така може да играат важна заштитна улога.

„Сега треба да спроведеме понатамошно истражување за да разбереме што значи оваа разлика во одговорите на Т-клетките“, рече Пари.

Приближно половина од населението во Велика Британија примило барем една доза на вакцина против коронавирус, што е една од највисоките стапки на вакцинација во светот.

Огромното мнозинство доби или Pfizer или AstraZeneca.

escort - Korsan taksi