КАКО ДА ГО СПРЕЧИТЕ ПОЖОЛТУВАЊЕТО НА ЗАБИТЕ? Стоматолог дава ЕДНОСТАВЕН и КОРИСЕН совет

29 март, 2021
843509_profimedia0339456620_ls

„Многумина сметаат дека пресилното четкање ги прави забите побели, но всушност ја троши белата забна глеѓ“, вели стоматологот.

Со текот на времето, нашите заби почнуваат да жолтеат се повеќе и повеќе, без разлика колку внимание посветуваме на хигиената. Кога тоа жолтило ќе почне да ни пречи, ние обично започнуваме посилно да ги миеме забите со надеж дека ќе ги отстраниме жолтите дамки и ќе го вратиме бисерно белиот сјај на забите.

Но, еден стоматолог во неговото видео на ТикТок објасни дека пресилното четкање прави повеќе штета отколку корист. Тој предупреди дека голем број луѓе ја прават истата грешка без да бидат свесни за последиците

Објасни дека надворешниот слој на забот, познат како глеѓ, е бел, но следниот слој подолу, познат како дентин, е жолт. Ако глеѓта се истроши, жолтата боја ќе почне да се покажува, а посилното четкање само ќе го влоши проблемот.

“Многу луѓе мислат дека пресилното четкање ги прави забите побели, но всушност ја троши белата забна глеѓ. Кога емајлот ќе се истроши, забите стануваат жолти и чувствителни”, вели стоматологот.

„Затоа, нежно мијте ги забите и користете помека четка“, додаде тој.

На прашањето во коментарите како да се врати белиот слој, тој препорача третмани или средства за белеење, но истакна дека најважно е редовно да ги миете забите и да одите на стоматолог на прегледи.

escort - Korsan taksi