Откријте дали имате проблем со тироидната жлезда: Направете едноставен тест со чаша вода и пенкало

6 септември, 2021
Screenshot 2021-08-25 093453

Тестот за откривање на болести на тироидната жлезда е многу едноставен, а резултатите ќе ги знаете за една минута

Ако се здебелувате без очигледна причина, косата ви опаѓа, ноктите ви се слаби, обилно се потеете и чувствувате бројни проблеми кои порано не биле типични за вас, можеби треба да ја проверите состојбата на тироидната жлезда.

Постојат неколку методи за да се провери дали овој орган работи правилно, но за да се воспостави точна дијагноза, сепак консултирајте се со доктор.

Земете чаша вода и застанете пред огледало. Испијте колку што е можно поголема голтка и поставете се така што ќе можете да ја видите клучната коска. Почнете да ја голтате водата во мали голтки и гледајте се во огледало.

Ако забележите дека при голтање, на вашиот врат се развива оток над клучната коска, тоа значи дека жлездата е зголемена. Овој тест открива дали имате хипертироидизам (недоволно производство на тироидни хормони) или не.

Со хипотироидизам, функционирањето на фоликулите на косата се пореметува и косата почнува да паѓа. Меѓутоа, бидејќи губењето на косата на главата може да се припише на разни проблеми, тогаш губењето на косата на веѓите е алармен сигнал. Во тој случај, итно треба да се консултирате со специјалист.

Можете исто така да го одредите ова со тест, и потребен ви е обичен молив. Застанете пред огледало и ставете го моливчето исправено на надворешниот агол на окото. Чувајте го строго паралелно со носот.

Ако нема проблем, работ на веѓата треба да “излегува” надвор од линијата на моливчето. Ако ова не е случај, задолжително посетете лекар.

Забелешка: Ако се сомневате во било каков здравствен проблем, консултирајте се со доктор.

escort - Korsan taksi