СМРТОНОСНА ЛИСТА: Овие 5 работи УБИВААТ како и пушењето, а ги правиме секојдневно

17 мај, 2021
3ba51c3432693a7f76ac697f32d3b332f32d0443

Свеста за штетноста од пушењето станува се пошироко распространета на глобално ниво, но модерното време се карактеризира со фактори кои постепено го поместуваат пушењето од врвот на списокот на смртоносни навики, предупредуваат американски научници.

Еве 5 работи што нè убиваат, а ние ги правиме секојдневно:

Осаменост

Најновите истражувања покажуваат дека социјалната изолација е исто толку штетна за вашето здравје, како и другите работи на врвот на „смртоносната“ листа.

Социјалните мрежи и се пореткото дружење „во живо“ со пријателите и колегите доведоа до тоа осаменоста да добие неверојатни размери.

Професорка по психологија на Универзитетот Бригам Јанг, Џулиен Холт Лунштад, вели дека влијанието на осаменоста врз намалувањето на животниот век е како индивидуа да пуши 15 цигари на ден.

Седечки начин на живот

Седечкиот начин на живот во текот на денот го зголемува ризикот од развој на неколку видови на рак, покажа студија од 2014 година.

На секои дополнителни два часа седење се зголемува ризикот од рак на дебелото црево, рак на ендометриумот, рак на белите дробови, без оглед на тоа дали поединецот вежба во текот на денот.

Дури и со редовно вежбање, седењето повеќе од осум часа на ден го зголемува ризикот од разни здравствени проблеми.

Недостаток на сон

Американски научници открија дека 50 до 70 милиони луѓе во Соединетите држави страдаат од нарушувања на спиењето. Недоволното спиење, предупреди професорот Валери Гафаров од СЗО, го зголемува ризикот од мозочен удар и срцев удар исто како и пушењето.

Солариум

Иако употребата на солариум се чини како варијанта на сончање што ја имаме под контрола, и двете можат да бидат исто толку опасни за организмот како и пушењето.

Во 2014 година, дерматолозите докажаа дека прекумерната употреба на солариум предизвикува повеќе случаи на рак на кожата отколку што пушењето предизвикува случаи на рак на белите дробови.

Нездрава исхрана

Слатката и преработена храна богата со заситени масни киселини влијае на развојот на потенцијално смртоносни болести како пушењето. Во 2016 година, научниците кои истражувале смртни случаи како резултат на слаба исхрана заклучиле дека стапката на смртност ја надминува онаа на алкохол, лекови и тутун.

escort - Korsan taksi