Амбер Херд по судењето СЕ ДАВИ ВО ДОЛГОВИ: Ја продаде куќата, но сè уште не може финансиски да се опорави

3 октомври, 20220
h_57682978

Им должи и на Џони Деп и на адвокатите

Актерката Амбер Херд е во сериозни финансиски проблеми, а сега се појавија вести кои покажуваат дека им должи повеќе пари на адвокатите отколку на Деп, откако го загуби судењето со нејзиниот поранешен сопруг.

Според пресудата, актерката е должна на Деп да му исплати нешто повеќе од 10 милиони долари, а на адвокатите им должи уште поголема сума. Со оглед на тоа што нема доволно пари да му плати на поранешниот сопруг, таа поднесе жалба на пресудата.

Откако судијата одлучи дека Херд мора да му плати на Деп 10,2 милиони долари, сега е откриено дека актерката им должи близу 15 милиони долари на своите адвокати. Таа има милионски долгови кон нејзините поранешни правни застапници, а неколку осигурителни компании кои наводно се вклучиле во судскиот спор, моментално одбиваат да и ги платат трошоците.

Актерката ја продаде својата куќа во САД, но тоа не е доволно да го покрие ниту минималниот дел од долговите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi