Идеја за ручек: Посни полнети пиперки, повкусни од оние со месо (РЕЦЕПТ)
19 август, 20220
Во деновите на пост не морате да се откажете од омиленото јадење – заменете го месото со зеленчук и ќе биде повкусно!
СОСТОЈКИ:
- 10 пиперки
- 200 гр ориз
- 200 гр грашок
- 200 гр моркови
- 1 главица лук
- 1 главица кромид
- 3 компири
- 2 дл масло
- 2 лажици брашно
- магдонос
- сол, бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Грашакот и оризот згответе ги одвоено, а пиперките исчистете ги од семки. Во посебен сад на масло пропржете кромид, лук и моркови (претходно сè сомелете), па додајте зготвен ориз и грашок.
Измешајте и зачинете по вкус, а потоа со подготвената смеса полнете ги пиперките. Секоја затворете ја со парче компир, наредете ги пиперките во во сад и прелијте ги со бел сос.
Сосот се подготвува така што на масло ќе пропржите брашно, ќе додадете вода и ситно сечкан лук и зачини по вкус.
Пиперките запечете ги во рерна околу 45 минути на температура од 200 степени.