Направете МАСКА за лице од ЗЕЛКА: Ги отстранува маснотиите од кожата и го спречува појавувањето на БРЧКИ
Со помош на оваа природна маска ќе ги решите сите проблеми со кожата
За сите оние кои имаат проблем со мрсна и проблематична кожа, оваа маска ќе направи да изгледате свежо и здраво.
Зелката е богата со протеини и внесувањето во организмот е корисно за нашата коса, кожа, нокти…
Лечи воспаленија, отстранува, старечки дамки, а содржи и витамин Ц кој подмачкува и органски киселини кои не дозволуваат кожата да старее.
Потребно ви е:
Три листови свежа зелка
Две лажици оризово брашно,
Неколку капки бадемово или маслиново масло.
Листовите зелка ставете ги во блендер и од смесата направете паста. Се меша со оризовото брашно и маслото.
Пред употреба на маската, важно е добро да го исчистите лицето.
Нанесете ја маската на лицето и оставете ја целосно да се исуши, а по 20 минути добро исплакнете со млака вода.
Ако имате многу мрсно лице, најдобро би било да избегнувате додавање масло.