Никогаш нема да ви СЕ ЈАВИ: Ако мажот се однесувал ВАКА на состанокот, не му се допаѓате

6 јули, 20220
shutterstock_561930169-2048x1365

Не очекувајте пораки и покани за состанок

По првиот состанок, следува тој убиствен период на обработка и размислување за сè што се случило на состанокот.

Доколку убаво си поминавте и уживавте во друштвото на мажот што го запознавте, секако се надевате дека тој повторно ќе ве покани.

Можеби бил фин и полн со комплименти, па мислите дека му се допаѓате. Без разлика колку ви било убаво, секогаш треба да ја земете во предвид можноста да не ве побара.

Многу зависи од разговорот што сте го имале и суптилните знаци на кои можеби не сте обрнале посебно внимание. Затоа, размислете добро за сè и ако сфатите дека нешто од горенаведеното се случувало за време на разговорот, треба да ги намалите вашите очекувања.

Разговор без динамика

Сетете се како помина вашиот разговор. Дали темите не беа поврзани една со друга? Дали прашањата се појавуваа сами по себе или доаѓаа природно и спонтано? Дали забележавте двоумење во неговото однесување?

Ако за време на целиот состанок доминираше непријатна тишина, зјапање во таванот и размислување што да се каже следно, тој веројатно нема да ве побара. Исто така, доколку сте биле иницијатор на теми и разговори, можно е едноставно да не му се допаѓате и да не сака ни да ја покаже својата желба подобро да ве запознае. Леснотијата и спонтаноста да разговарате со некого е првото нешто што треба да го очекувате од личноста со која сакате да бидете во врска.

Не се согласувате

Сосема е нормално и очекувано различни луѓе да имаат различни мислења и ставови за различни теми, па со аргументи да го бранат своето гледиште. Добрата, квалитетна дискусија може да биде многу интересна, но вистината е дека ако не се согласувате за повеќето работи, врската нема да функционира, а тој е свесен за тоа како и вие.

Затоа не треба да се убедувате дека тоа се неважни работи и дека во текот на врската тие дискусии ќе бидат интересни и пожелни и не очекувајте дека ќе ви се јави.

Пријателско однесување

Многу е можно погрешно да сте ги протолкувале неговите намери. Дали во одреден момент забележавте дека флертува со вас и дали ви дал некакви комплименти или други знаци дека му се допаѓате? Доколку се обидел да го одржи разговорот на пријатно ниво, без да навлегува во подлабоки, интимни или провокативни теми, можно е да му се допаѓате како личност, но не и како девојка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi