Отстранете го уморниот изглед и годините од лицето: Техники на шминкање кои го креваат лицето

19 август, 20220
ajlajner-oci-sminka-nokti

На многу жени не им се допаѓа спуштените очни капаци, бидејќи веруваат дека тие додаваат возраст и даваат уморен изглед на лицето.

Некои луѓе се раѓаат со спуштени очни капаци, додека кај други тие всушност се појавуваат со возраста.

Каков и да е вашиот случај, ако овој изглед ви прави непријатно и ви ја срушува самодовербата, добрата вест е што можете визуелно да ги подигнете со шминка, како во секојдневни варијанти, така и во попразнични.

Еве како.

Што се однесува до дневната шминка за спуштени очни капаци, ви препорачуваме по употребата на прајмер за очи, да земете сенка од палетата на земјени тонови. Која нијанса и да ја одберете, нема да погрешите, бидејќи сите се ефективни за визуелниот ефект што сакате да го постигнете, а во исто време се погодни за работа, факултет, пешачење…

Од внатрешниот дел на капакот, кон средината, нанесете ја најсветлата нијанса на сенката, а потоа продолжете со малку потемна нијанса понатаму кон надворешниот дел, малку кревајќи ја четката за да ја премине површината на капакот. Во аглите на очите, на наборите на очните капаци, ставете ја најтемната сенка што планиравте да ја искористите, па сè добро изблендирајте.

Ако сте љубител на ајлајнер, можеби ќе се разочарате што не се препорачува негова употреба, бидејќи може визуелно да ги намали очите. Нанесете ја маскарата само на горните трепки и тоа во два слоја, за да го истакнете вашиот изглед.

После тоа, би било добра идеја да ставите мала количина хајлајтер веднаш под веѓите и со тоа да ги истакнете очите.

Вечерта, можете да го искористите омилениот молив за очи и да нацртате една исклучително тенка линија, веднаш до трепките, а на крајот малку подолга.

Техниката Smokey eyes е, без никакво сомневање, најдобрата вечерна техника за шминкање за спуштени очни капаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi