Рики Мартин оди на суд со поранешната менаџерка: Го тужи за три милиони долари, тврди дека и се заканувал

1 јули, 20220
profimedia-0500177400-830x0

Ребека и Рики Мартин соработуваа во неколку наврати, а овој април таа реши да го напушти

Поранешната менаџерка на Рики Мартин, Ребека Дракер наводно решила да го тужи пејачот.

Имено, како што тврди, тој „целосно и злонамерно“ решил да не и ги исплати трите милиони долари кои таа смета дека ги заслужува.

Во правните документи, Ребека Дракер наведува дека го застапувала пејачот во периодот 2014-2018 година, а тој повторно ја вработил по двегодишна пауза, поточно во мај 2020 година, кога животот, како што навела, му бил „приватно и професионално турбулентен“.

Ребека тврди дека му ги средила животот и кариерата, му ги решила договорите поврзани со снимање песни, турнеи и договорила спонзорства и му помогнала да заработи милиони долари на неодамнешната северноамериканска турнеја со неговиот колега Енрике Иглесијас.

Таа додава дека го заштитила во 2020 година, кога му се заканувал прекин на кариерата со ангажирање врвни адвокати кои ја решиле работата, а Рики од целата приказна излегол неповреден.

Дракер наведува дека Мартин на почетокот на кариерата не и дал провизија во износ од три милиони долари. Таа изјавила дека ја манипулирал и ја лажел, што на крајот ја принудило да се откаже од соработката во април годинава. Пејачот наводно и се заканувал и ја принудувал да потпише договор за тајност, што таа го одбила.

Таа сега го тужи пејачот за три милиони долари, плус судска отштета. Пејачот не го коментираше овој случај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi