СУДОТ ОДЛУЧУВА: Наскоро ќе се дознае дали Меган Маркл ги малтретирала вработените!
Палатата нареди темелна истрага за разоткривање на случајот, а сите сегашни и поранешни членови на персоналот се информирани за исходот.
Бакингемската палата објави дека е завршена едногодишната истрага за наводите дека Меган Маркл малтретирала членови на персоналот.
Минатиот март весникот „Тајмс“ објави дека војвотката од Сасекс ги малтретирала своите вработени, по што кралската двојка во интервју со Опра Винфри ги отфрли обвинувањата и ја обвини палатата дека кажува лаги.
Во октомври 2018 година, висок член на персоналот на кралската двојка упати обвиненија против Меган, тврдејќи дека војвотката го малтретирала персоналот, по што Хари побарал од вработениот да ги отфрли обвинувањата.
Тогаш, палатата наредила темелна истрага за да се разоткрие случајот, а сите сегашни и поранешни членови на персоналот биле информирани за исходот.