ХАОС НА МРЕЖИТЕ! КЕСА ЗА ЃУБРЕ ЧИНИ 100.000 ДЕНАРИ – познатиот бренд предизвика СКАНДАЛ – дали некогаш би го КУПИЛЕ ОВА? (ФОТО)

9 август, 20220
596790_screenshot-1_f

Познатиот моден бренд „Belenciaga“ претстави нова колекција чанти кои изгледаат како кеси за ѓубре и чинат 1.790 долари или околу 110.000 денари

Чантите за ѓубре првпат беа промовирани во март 2022 година како дел од колекцијата есен/зима, а многумина се прашуваат дали брендот се шегува со јавноста.

Според официјалната веб-страница на „Balenciaga“, производот е „инспириран од кеса за отпадоци“.

Чантите може да се купат во три различни бои, црна, сина и бела.

Дизајнерот на Беленсијага, Домна Гвасалија, даде интересен коментар на прашањето зошто е направена ваква чанта.

„Не можев да ја испуштам можноста да ја направам најскапата кеса за отпадоци на светот, бидејќи кој не сака моден скандал?

Кога беа објавени фотографиите од чантите за ѓубре, на мрежите настана хаос бидејќи корисниците не можеа да сфатат дека се работи за сериозна работа.

„Баленсијага продава кеса за отпадоци од 1.795 долари. Мислам дека дизајнерската мода е морбиден социјален експеримент“, додека друг напиша: „Луксузната „мода“ е легална кражба. Високата мода е една голема шега во моментов. Баленсијага направи вреќа за ѓубре за 1790 долари“.

„Баленсијага намерно продава ултра скапи сигнали на низок статус. Богатите ги купуваат за да се разликуваат од средната класа и ги носат од страв да не ги помешаат со ниската класа“, напиша друг на Твитер.

Она што е интересно е тоа што ова не е првиот моден бренд кој лансираше вакви чанти. Во 2017 година, шпанскиот бренд „BIIS“ објави чанти инспирирани од кеси за ѓубре.

„Bin Bag“ доаѓа во три различни големини, мала, средна и голема. Малите чинат 258 долари, средните беа достапни за 346 долари, додека големите 422 долари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi