ДАЛИ ДА МУ ПРАТИТЕ ПОРАКА? Многу девојки ја имаат оваа дилема, а одговорот зависи само од една работа!

30 март, 20230
222292_tele6_f

Многу девојки се прашуваат дали треба да ја испратат првата порака по раскинувањето или кавгата, а всушност зависи од тоа дали можете да го направите тоа, без никакви очекувања.

Девојките често, по раскинување или голема расправија со партнерот, се во дилема дали да му испратат порака на своето (поранешно) момче.

Има одговор, а трансформацискиот тренер, специјализиран за партнерски односи, Слаѓана Трикиќ, ви помага да го најдете:

– Обично се случува некое време да не се слушнете, од друга страна да сакате да воспоставите контакт со него, но да не знаете дали да пишете први. Ако му пишувате затоа што сакате да воспоставите контакт со него што на крајот ќе доведе до тоа повторно да бидете заедно, тогаш прашањето е дали треба први да му пишете, бидејќи обично зад таквите пораки може да се крие енергија на очај, вознемиреност, страв, затоа што прво се прашувате, дали воопшто да му пишете, што да му пишете, што ако не ви одговори, како ќе ве сфати, што мисли за вас, дали се грижи за вас и така натаму. Така навистина вибрирате со енергија на страв, а ако напишете порака со тој страв, таа порака ќе има само контра ефект – истакнува Слаѓана и додава:

-Од друга страна, ако не одговори на таа порака, тогаш ќе бидете во уште поголем очај и ќе бидете уште повеќе разочарани и само ќе паднете подлабоко во дупката. Затоа, пред да ја пишете пораката, запрашајте се дали можете да бидете мирни со тоа и да ја пуштите пораката без никакви очекувања. Значи, без никакви очекувања од него за возврат. Ако одговорот е да, јас сум мирна со тоа, тогаш можете да му пишете порака – заклучува Слаѓана.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi