Леонардо ди Каприо не се менува: Актерот на црвениот тепих во Кан (ФОТО)
21 мај, 20230
Леонардо ди Каприо е забележан каде и да се појави
Црвениот тепих на 76-тиот Кански филмски фестивал ги собра најпознатите светски имиња.
Леонардо ди Каприо имаше голема причина да дојде. Тој присуствуваше на премиерата на неговиот нов филм „Killers of the Flower Moon“, а судејќи по неговиот изглед, може да се каже дека актерот не се менува.
Лео (48), кој неодамна го поврзуваа со манекенката Џиџи Хадид (27), се истакна во класичен црн костум со машна и уредно исчешлана коса.
Оскаровецот застана покрај Роберт Де Ниро, кој неодамна го дочека своето седмо дете на 79-годишна возраст, со режисерот Мартин Скорсезе откако заедно работеа на нивниот седми филм.